Бернар Арно, милијардер и извршен директор на глобалниот конгломерат на луксузни бврендови LVMH, го престигна Илон Маск и стана најбогат човек во светот, пишува магазинот Forbes.
Богатството на Арно и неговото семејство во петокот се зголеми за 23,6 милијарди долари на 207,8 милијарди долари, надминувајќи го богатството на извршниот директор на Tesla, Илон Маск, од 204,5 милијарди долари, според рангирањето на Forbes кое покажува промени во реално време.
Арно се искачи на првото место во петококот, 26 јануари 2024.
Вредноста на компанијата Tesla во четвртокот на берзата падна за 13%, поради што Маск загуби повеќе од 18 милијарди долари.
Во исто време, акциите на LVMH во петокот забележаа голем раст: нивната вредност се зголеми за над 13% до 11 часот, поттикната од силната продажба.
Пазарната капитализација на LVMH достигна 388,8 милијарди долари во петокот, додека берзата на Tesla вреди 586,14 милијарди долари.
Во 2021 година, LVMH ја купи Tiffany & Co. за речиси 16 милијарди долари, што се смета за најголема аквизиција на луксузен бренд во историјата.
Холдинг-компанијата Agache на Арно е поддржана од VC фирмата Aglaé Ventures, која, според Forbes, инвестира во бизниси како Netflix и ByteDance, матичната компанија на TikTok.
Арно има пет деца, од кои сите работат во LVMH. Неодамна назначи двајца од неговите синови во одборот на директори на конгломератот, каде што веќе седат уште две деца, сè со желба да обезбеди долгорочна контрола на семејството врз својата деловна империја.