Home » Армијата ја презема власта во Бангладеш

Армијата ја презема власта во Бангладеш

by Журнал.мк

Началникот на армијата на Бангладеш Вакер-Уз-Заман денеска објави дека ќе „формира привремена влада“ откако премиерката поднесе оставка и побегна од главниот град поради огромните протести.

„Ја преземам целосната одговорност“, рече генералот иако не беше веднаш јасно дали тој ќе застане на чело на преодна влада.

„Ќе формираме привремена влада“, рече Вакер во обраќање до нацијата преку државната телевизија, додавајќи дека Хасина поднела оставка.

„Земјата претрпе многу, економијата е погодена, многу луѓе се убиени, време е да се запре насилството“, додаде тој. „Се надевам дека по мојот говор ситуацијата ќе се подобри“.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More