Home » „Ariel“ претстави електричен хиперавтомобил со 1.196 ks (ФОТО/ВИДЕО)

„Ariel“ претстави електричен хиперавтомобил со 1.196 ks (ФОТО/ВИДЕО)

by Журнал.мк

Британскиот „Ariel Motor“ претстави прототип на својот дебитантски електричен автомобил под работното име „Ariel Hipercar“. Компанијата стана позната во светот со својот компактен и лесен спортски автомобил „Atom“, иако во производната програма се вклучени и багите „Nomad“ и спортскиот мотоцикл „Ace“.

Прототипот има четири електрични мотори (по еден за секое тркало со сопствен електромотор „Equipmake APM200“), кои заедно произведуваат 1.196 коњски сили и 1.820 Nm вртежен момент. Ова овозможува забрзување до 100 km/h да се постигне за помалку од 2 секунди. Максималната брзина е 250 km/h. Плановите се и за верзија со два мотори, со погон на задните тркала со половина од моќноста.

Капацитетот на литиум-јонската батерија „Cosworth“ е 62 kWh, што обезбедува опсег од 241 km, но „Ariel“ може да додаде генератор на гасна турбина за да додаде уште 47 ks.

Каросеријата е изработена од алуминиум и карбон, суспензијата е дело на „Bilstein“, а сопирачките се од специјалистите на „AP Racing“. Автомобилот е долг 4.298 mm и има необичен дизајн со напредна аеродинамика. За раните фази на тестирањето се користеше модифицирано тело од стар „Mustang“.

Од компанијата велат дека автомобилот сè уште е во развој, така што неговите спецификации не се сосема конечни, но тие се во последната фаза на развој и не се очекува да се променат многу. Засега може да се нарача само моделот со погон на задните тркала. Се очекува „Ariel Hipercar“ да чини околу 1 милион фунти и да дебитира во 2024-та година.

Електричниот автомобил е производ на одделот „Ariel Electric Ltd“, кој делумно е субвенциониран од британската влада во рамките на владиниот проект за електромобилизација.

https://youtu.be/Mo4pR9X8fB0

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More