Home » Аргентина во полуфинале на Копа Америка: Меси промаши пенал, но „гаучосите“ ги одбрани голманот Мартинез

Аргентина во полуфинале на Копа Америка: Меси промаши пенал, но „гаучосите“ ги одбрани голманот Мартинез

by Журнал.мк

Фудбалерите на Аргентина се пласираа во полуфиналето на Копа Америка, откако по подоброто изведување пенали ја елиминираа селекцијата на Еквадор.

Избраниците на Луис Скалони поведоа по 35 минути игра. Алексис Мекалистер му асистираше на Лаутаро Мартинез и аргентинскиот напаѓач го постигна петтиот гол на овогодинешното издание на Копа.

По нешто повеќе од еден час игра Еквадор доби пенал. По паузата, топката удри во рацете на Родриго де Пол, а главниот судија покажа на белата точка. Енер Валенсија ја презеде одговорноста, но ја погоди стативата.

Кога се мислеше дека Аргентинците ќе продолжат без драма, Кевин Родригес се појави во 92. минута од натпреварот и со одличната асистенција на Џон Јебоа израмни на 1:1 и го одведе мечот во пенали.

Прв изведувач за светскиот шампион беше Лионел Меси. Се обиде со паненка, но ударот заврши на горниот дел од гредата.

Александар Домингез отиде во еден правец, но шутот на Меси не беше прецизен.

Херој на Аргентина повторно беше Емилијано Мартинез, како во финалето на Светското првенство. Им одбрани два пенали во низа на Мини и Минди и навести славје на Гаучосите.

Сигурни беа Алварез, Мекалистер, Монтиел и Отаменди, а на другата страна уште Јебоа и Каиседо.

На крајот 4:2 во пенал серијата и пласман во полуфиналето.

Таму бранителот на титулата на Копа Америка го чека дуел со Венецуела или Канада, чиј дуел е закажан за вечерва по полноќ по средноевропско време.

Останатите два четвртфинални пара се закажани за 7 јули во кои се среќаваат Бразил – Уругвај и Колумбија – Панама.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More