Алијанса на Албанците не е ничија сопственост, после 24 години промените во албанскиот блок мора да дојдат! Ова е пораката на лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, упатена вечерва од партиксиот собир во Гостивар.
Претседателот на Алијанса ја упати пораката како одговор на иницијативата на приврзаниците на Села кои денеска на Централното собрание побараа негово разрешување. Таравари најави средба со лидерите на алабанската опозиција, одговарјќи на новинарско прашање, дали и официјално ќе влезе во коалиција со албанскиот опозициски блок.