За нов началник на Одделението за внатрешни работи во Дебар, назначен е Арбен Думани, дипломиран правник, кој во МВР е од 2002 година, покажувајќи успешност и професионалност во извршувањето на поставените задачи.
– Чест ми е што министерот Панче Тошковски ми ја доверува оваа значајна, но и многу одговорна функција. Гарантирам дека заедно со моите колеги ќе бидеме во служба на граѓаните, со чесна и посветена работа и почитување на законите, рече за МИА, Думани.
Тој на оваа функција беше и во периодот 2020 и 2021 година.
Во досегашниот негов ангажман, меѓу другото бил и заменик командир во Полициската станица од општа надлежност во Дебар, командир на полициското одделение за безбедност во патниот сообраќај, водич на безбедносен реон.
Думани доаѓа на местото на Аргетим Војника, кој на оваа функција беше од јуни 2021 година.
Дебарското одделение за внатрешни работи со својата активност ја покрива и општина Центар Жупа. Командир на Полициската станица од општа надлежност е Дритан Бакали.