Home » Аптекарите на средба со Дурмиши: Бараат изземање од одлуката за објавување на цените

Аптекарите на средба со Дурмиши: Бараат изземање од одлуката за објавување на цените

by Журнал.мк

Здружението на приватни аптеки на РСМ (ЗПАРСМ) информира дека претставници на аптекарите одржале состанок со министерот за економија и труд Бесар Дурмиши во врска со приговорот што го поднесоа до ова министерство за одлуката за објавување на цените на производите на веб-страниците на аптеките и маркетите.

За време на состанокот, на Дурмиши му било укажано дека во повеќето западноевропски земји и државите во регионот аптеките се изземени од суштинското влијание на трговските закони и не се предмет на инспекциски надзор од страна на Државниот пазарен инспекторат. Дополнително, било посочено дека аптеките се вид здравствени установи, за што била добиена поддршка од Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД).

Од страна на министерот и неговиот тим било изразено разбирање за изнесените аргументи, со уверување дека приговорот и барањето се издржани и дека ќе се пристапи кон нивно разгледување и решавање во најкус рок.

„Оттаму нагласија дека направениот пропуст со што аптеките се ставени заедно со маркетите во истиот правилник за изложување цени на стоки на веб-страница, веруваат дека по овој конструктивен состанок, аптеките итно ќе се изземат и нема да бидат инволвирани во следни мерки што ова министерство ќе ги има кон маркетите“, информираат од Здружението на приватни аптеки.

Ваквото барање, како што велат од Здружението, е во насока на усогласување на македонската легислатива во која се опфатени аптеките со законскиот третман на аптеките во Европа и соседството.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk