Home » Апсења во Отава поради нелегални демонстрации

Апсења во Отава поради нелегални демонстрации

by Журнал.мк

Полицијата во Отава уапси 23 лица на како што се вели, нелегални демонстрации организирани од камионџии и други возачи кои се противат на задолжителната вакцинација против Ковид-19.

Возачите бараат укинување на задолжителните вакцини за сите што ќе ја преминат канадско-американската граница.

Канадскиот главен град сè уште е блокиран од стотици возила од таканаречениот „конвој на слободата“, кој се спротивставува на епидемиолошките мерки, додека организаторите на протестот свикаа состанок со сите федерални политички лидери, пренесуваат медиумите.

Заменик-началникот на полицијата во Отава, Стив Бел, изјави за новинарите дека полицијата имобилизирала многу тешки возила вклучени во блокадата и пронашла деца во четвртина од 418-те камиони кои протестираат во центарот на градот.

Полицијата изрази загриженост за нивната здравствена состојба поради студ, бучава, ризик од јаглерод моноксид и напад.

https://youtu.be/WUEPsuDLs0A

Во исто време, затворени се најфреквентните гранични премини меѓу Канада и Соединетите Американски Држави, бидејќи канадските камиони ги блокираа сите премини во знак на протест против ковид-мерките на владата за контрола на пандемијата на коронавирусот.

Канадскиот премиер Џастин Трудо се појави во јавноста во вторникот за прв пат по повеќе од една недела откако беше заразен со коронавирусот и нареди да престанат протестите.

Тој остро ја осуди тактиката на демонстрантите, наведувајќи дека поединци се обидуваат да ја блокираат економијата на земјата и секојдневниот живот на нивните сограѓани.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More