5 C
Skopje
Tuesday, January 26, 2021

Apple: Samsung нема да произведува панели за iPhone серијата во иднина

Најчитани вести

Во моментот, најголем снабдувач на OLED панели за iPhone серијата на Apple е Samsung, но изгледа дека работите ќе се променат наскоро..

Во 2020 година, Apple планира да го промени сoставот на снабдувачи на панели за iPhone моделите. Пред неколку дена компанијата ги започна последните фази од склучувањето на договор со кинеската компанија BOE Technology Group. Доколку се биде како што треба оваа компанија ќе биде најголемиот снадбеник на OLED панелите следната година за Apple.

Apple работи со BOE од 2017 година за MacBook и iPad панелите, а сега оваа соработка ќе биде проширена и кон iPhone серијата. Според внатрешни извори, Apple “агресивно” ги тестира флексибилните OLED екрани на BOE и ги подготвува за идните iPhone модели. Во 2020 година, сите iPhone уреди ќе доаѓаат со OLED дисплеј, дури и буџетската верзија. Поради тоа, Samsung наскоро најверојатно нема воопшто да произведува панели за Apple./gsm.mk

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести