Home » Apple наводно подготува Studio Display, iMac и iPad Air со екран од 90Hz

Apple наводно подготува Studio Display, iMac и iPad Air со екран од 90Hz

by Lina Muslija

Нова гласина сугерира дека Apple развива 90Hz технологија на дисплеј која би можела да се појави во идните верзии на Studio Display, iPad Air и 24-инчниот iMac, кои моментно имаат стапка на освежување од 60Hz.
Според информациите првично објавени од 9to5Mac, до кој стигна анонимен извор кој го контактираше популарниот tech подкаст насловен Upgrade, Apple работи на „LCD дисплеј со поголема брзина на освежување и нова liquid motion панел технологија со фиксна брзина од околу 90Hz“, со планови за имплементација на оваа технологија во повеќе идни производи.

Ваквиот развој би бил особено значаен за Studio Display, кој нема добиено ажурирање на хардверот од неговото прво лансирање во март 2022 година. Многу корисници на Apple се надеваа на освежен модел пред крајот на 2024 година, бидејќи се шпекулираше и за можна надградба на екран со mini-LED технологија и поддршка за ProMotion. Висококвалитетниот Pro Display XDR на Apple, исто така, останува непроменет од неговото деби во 2019 година.

Аналитичарот за дисплеи, Рос Јанг, кој е познат по точните прогнози за дисплеј технологијата на Apple, извести во април 2023 година дека компанијата ги напуштила плановите за 27-инчен монитор со mini-LED позадинско осветлување. Овој откажан проект, кој можеше да биде следна генерација на Studio Display, наводно вклучувал ProMotion технологија со брзина на освежување до 120Hz. Претходно, Јанг предвиде дека ваквиот дисплеј ќе се појави во 2022 година, но лансирањето не се реализираше.

Анонимниот извор наведува дека 90Hz технологијата ќе дебитира најпрвин во следната генерација на iPad Air со M3, што се очекува во почетокот на 2025 година, пред да се прошири и на други производи. 24-инчниот iMac, кој штотуку доби надградба со M4, најверојатно нема да го добие ова подобрување на дисплејот до крајот на 2025 година.

Актуелниот Studio Display има 27-инчен 5K LCD панел со 60Hz брзина на освежување, P3 широка поддршка за бои и светлост до 600 нита, со почетна цена од 1,599 долари.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk