Apple Glasses: Функции, очекувања, достапност!

0

Од време на време, се појавува производ во светот на технологијата чие производство трае толку долго што луѓето се сомневаат во неговото претставување. Во моментот, тоа е Apple Glasses.

Она што го прави овој производ толку возбудлив, покрај тоа што е произведен од Apple, е што ќе претстави една сосема нова категорија производи за компанијата. Една способност која Apple ја има е да уништи цела индустрија со претставување на само еден производ. 

AR дисплеј

Една гласина која постојано се појавува е дека Apple Glasses ќе доаѓаат со AR технологија. Тоа е целата причина на нивното постоење. Apple веќе неколку години инвестира во AR технологија за iPhone и iPad уредите, со посебни игри и апликации особено со неа. Единствениот предизвик кој се појавува кај AR Glasses доаѓа од потребата да се направи дисплеј кој е и транспарентен и може да покажува содржини без никакви контрасти.

iPhone придружник

Гласините предложуваат дека со цел овие наочари да бидат тенки и елегантни, процесирањето ќе биде правено преку iPhone уредот на корисникот. Се разбира, префрлувањето на податоци ќе биде безжично.

Apple Glasses concept by Martin Hajek for iDrop New - Apple Glasses rumor review: features, expectations, release date

Камери или не?

Еден проблем кој корисиниците го имаат со паметни часовници кои имаат камери е што не се сигурни во кој момент може да снима и во кој не. Се разбира, ова ќе биде голем проблем и за Apple, бидејќи компанијата ја сфаќа сериозно приватноста и безбедноста на своите корисници. Сепак, за AR технологијата да работи како што треба, наочарите ќе мора на некој начин да ја снимаат околината. Тоа може само преку обична камера или ToF сензор.

Дизајн

Дизајнот на Apple Glasses е една од најголемите мистерии. Сите знаеме дека Apple сака своите производи да имаат што е можно што поуникатен дизајн. Низ социјалните мрежи постојано се појавуваат концепти од потенцијалниот изглед, но ништо не е потврдено.

Apple Glasses concept - Apple Glasses rumor review: features, expectations, release date

Достапност

Сега за сега, претставувањето на Apple Glasses до крај на оваа година изгледа неверојатно. Доколку воопшто постојат и се во производство, со нив најрано ќе се запознаеме на пролет, 2020 година./gsm.mk/