Home » Apple ќе го подели App Store на два дела за да овозможи апликации од трети страни во ЕУ

Apple ќе го подели App Store на два дела за да овозможи апликации од трети страни во ЕУ

by Журнал

Apple се подготвува да ја подели App Store продавницата на два дела во следните недели, во пресрет на барањата на Европската унија што ќе го принудат Apple да овозможи sideloading на апликациите во регионот, објави новинарот Марк Гурман од Bloomberg.

Во последното издание на неговиот билтен „Power On“, Гурман објасни дека Apple се подготвува да направи промени во ‌App Store‌ во земјите од Европската унија за да се усогласи со претстојниот Закон за дигитални пазари во регионот (DMA). Apple очигледно планира да спроведе прилагодувања за усогласување со новите законски барања во наредните недели, вклучително и одвојување на App Store во ЕУ од остатокот од светот. Крајниот рок за Apple да се усогласи со DMA е 7 март, така што компанијата има нешто повеќе од седум недели да ги донесе промените.

Извршниот директор на Apple, Тим Кук минатата недела се сретна со шефицата на антимонополската комисија на Европската унија, Маргрете Вестагер, која го потсети на претстојната обврска на Apple да им дозволи на корисниците да инсталираат продавници за апликации од трети страни и да вчитуваат апликации во согласност со прописите на Digital Markets Act (DMA). Apple ќе биде обврзан и да им даде на програмерите можност да ги промовираат своите понуди надвор од App Store и да користат системи за плаќање од трети страни. Се очекува DMA да го принуди Apple да направи низа значајни промени во начинот на кој функционираат App Store, FaceTime и Siri во Европа.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More