Компанијата Apple се очекува есенва да открие дури седум верзии на iPad, меѓу кои еден подостапен модел за оние со поплиток џеб, објави Forbes.
Исто така, новиот поевтин iPad ќе биде збогатен со нов дизајн, што претставува прва ваква промена во изминативе години. Колку за потсетување, Apple долго време „се држи“ до дизајните на своите производи и ретко ги менува.
Forbes дојде до овие клучни информации за новите iPad уреди благодарение на обврската на Apple да ги пријавува сите свои нови производи во Евроазиската економска комисија што ги регистрира уредите во Русија, Ерменија, Белорусија, Казахстан и Киргистан.
Така, Apple има пријавено седум уреди под кодирани имиња: A2068, A2197, A2198, A2228, A2230 A2200 и A2232.
Меѓу седумте верзии најверојатно ќе се најде ажурираниот iPad Pro од октомври минатата година, со величини од 11 и 12,9 инчи. За жал, уште не се достапни фотографии од новите модели.
Сепак, Forbes смета дека новите iPad уреди ќе имаат помали рабови, а се предвидува дека ќе имаат стандарден Touch ID без можост за Face ID.
Во поглед на цените, би требало да останат исти, што значи од 329 долари колку што чини најевтиниот iPad, па сѐ до 999 долари за големиот iPad Pro.
Претставувањето се очекува по премиерата на новите iPhone уреди, што значи кон крајот на септември или почетокот на октомври годинава. Извор: kajgana.com