11 C
Skopje
Sunday, February 28, 2021

Apple: Тужба против компанија која продава виртуелен iPhone уред со iOS!

Најчитани вести

Имено, Apple сподели дека ќе дава неколку специјални iPhone модели на истражувачи чија цел ќе биде да најдат грешка во iOS системот и може да добијат награда од 1.5 милион долари за тоа. Оваа награда ќе припадне на оној кој ќе најде грешка во уредот која може потенцијално да му овозможи на хакер да преземе контрола врз уредот, без знаење на сопственикот.

За да им помогне на истражувачите да најдат грешка во iOS, компанијата Corellium реши да им понудува виртуелна верзија од iPhone и iOS системот веќе неколку години. Се разбира, на Apple не му се допадна тоа и поднесе тужба во случај наречен “директен начин на оштетување на високо заштитени авторски права”.  Компанијата сподели дека без лиценца и дозвола, Corellium нуди виртуелна верзија од уредот на Apple.

Иако на прв поглед изгледа како Corellium да прави услуга на Apple со продавање на виртуелната верзија, компанијата сподели во својата тужба дека информациите и грешките најдени во системот потоа ги продаваат на други компании кои може да ги користат на негативен начин. /gsm.mk

A Real Apple iPhone X and Corellium's virtual copy side-by-side - Apple sues company that sells a virtual iPhone complete with iOS

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести