17.8 C
Skopje
Thursday, June 17, 2021

Apple подготвува нови iPad Pro модели за „Spring Loaded“ настанот на 20. април

Најчитани вести

Apple за 20. април го најави виртуелниот настан „Spring Loaded“, во текот на кој се очекува компанијата да ги претстави новите iPad Pro модели. Покрај новата генерација Pro таблет уреди, Apple би можел да ги објави и долгоочекуваните AirTags тракери и редизајнираниот all-in one компјутер iMac.

Се сугерира дека новиот iPad Pro ќе пристигне во верзии со екрани од 11 и 12,9 инчи. Поголемиот дел од гласините сугерираат имплементација на mini-LED дисплеј во 12,9-инчниот модел, додека 11-инчниот iPad Pro треба да ја добие оваа технологија на екран следната година. Во споредба со претходната генерација, новите iPad Pro уреди ќе ја задржат истата дебелина, но би требало да бидат малку пократки и потесни. Новиор 11-инчен iPad Pro 11 би требало да биде малку помал, но со иста дебелина.

Кога станува збор за новите, редизајнирани iMac компјутери, Apple ќе имплементира потенки рамки околу екранот и новите модели ќе ги користат M1 чиповите на компанијата. Исто така, новите компјутери се очекува да имаат две нови големини на екранот (24 и 32 инчи) и да пристигнат во пет различни бои – вселенска сива, зелена, небесно сина, розово златна и сребрена.

На крајот, гласините ги споменуваат и AirTags тракерите. Уредот пристигнува како конкуренција на Samsung SmartTag и ќе може да лоцира повеќе уреди истовремено. AirTags ќе бидат поврзани со Find My апликацијата на iPhone, што ќе помогне при пронаоѓањето на обележаниот уред.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести