8 C
Skopje
Sunday, February 28, 2021

Apple на хакерите им нуди награда за да пронајдат грешки во нивните апликации

Најчитани вести

Apple официјално отвори конкурс за хакерите во чиишто рамки нудат награда од милион долари доколку откријат „дупки“ во нивните програми.

Apple Security Bounty е продолжение на програмите кои Apple ги лансираше во 2016 година, а сега ги опфаќа и нивните таблети, лаптопи како и Apple TV и Apple Watch.

Доколку хакерите откријат проблеми во безбедносните системи кои се користат на уредите на Apple, ќе добијат парична награда во вредност од 25.000 долари до 500.000 долари.

Исто така, оние коишто ќе откријат аномалии во бета верзиите на софтверските програми ќе добијат 50 проценти поголема награда.

Најголемата награда изнесува 1 милион долари, а таа е резервирана за оној кој успешно ќе направи zero-click, напад кој овозможува контрола над другиот уред, но тоа се постигнува без сопственикот да кликне на вирусот кој му е пратен преку некој линк.Извор: kajgana.com

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести