Home » Apple го одложува претставувањето на новите MacBook Pro и Mac mini за идната година

Apple го одложува претставувањето на новите MacBook Pro и Mac mini за идната година

by Журнал.мк

Според информациите, претставувањето на новите генерации од Mac компјутерите со М2 чипот треба да се очекува за март 2023

Во јуни оваа година Apple го претстави првиот компјутер со новата генерација од нивниот чип, М2. Претставен беше MacBook Air, a пред околу две недели беше пуштен и iPad Pro со М2, а најавите во главно одеа во правец на тоа дека во ноември може да се очекуваат и останатите компјутери, односно MacBook Pro и Mac mini.

Сепак, според неофицијалните информации Apple го има одложено претставувањето на новите MacBook Pro и Mac mini компјутери за идната година. Иако информациите најавуваат претставување во првата четвртина, според досегашното искуство новите компјутери не треба да се очекуваат за јануари или февруари, што значи ќе ги видиме дури во март 2023 година.

Покрај од други извори, оваа најава доаѓа и од Марк Гурман од Bloomberg, кој се смета како еден од најчесто точните предвидувачи за Apple.

Тоа што може да се очекува идната година се MacBook Pro 14 и 16 инчни со М2 Pro и M2 Max чиповите, како и Mac mini со М2, но и со M2 Pro чип.

Покрај овие компјутери, можно е претставување и на првиот Mac Pro со чип од Apple, односно со M2 Max или нешто посилно.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More