17.8 C
Skopje
Sunday, June 13, 2021

Apple го намали производството на iPhone 11 Pro Max и го зголеми производството на iPhone 11!

Најчитани вести

Откако веќе помина цел месец од првичното претставување на iPhone 11 серијата и возбудата на фановите се намали, Apple реши да ја промени стратегијата за производството на секој од овие модели.

До крајот на 2019-та година, од Apple се очекува да продаде околу 70 милиони iPhone 11 и iPhone 11 Pro модели. За ваквиот успех најзаслужен е буџетскиот модел. Откако првично ја претстави серијата во септември, Apple веќе има продадено над 12 милиони единици од iPhone 11. Оваа продажба е за 15% поголема од онаа на минатогодишниот iPhone XR за истиот период. Токму поради ваквиот успех, компанијата планира да го зголеми производството и да додаде уште 1.6 милиони iPhone 11 единици.

Apple cuts iPhone 11 Pro Max orders as it increases iPhone 11 production
Иако не е познато на кој пазар iPhone 11 е најпродаван, сепак знаеме дека овој уред има одлична продажба во Кина. Од друга страна, продажбата на iPhone 11 Pro моделите е 15% полоша во споредба со iPhone XS моделите од минатата година. Поради тоа, додека производството на iPhone 11 ќе се зголеми, истовремено производството на iPhone 11 Pro Max ќе биде намалено за 2 милиони единици.
Ваквите бројки всушност значат дека комбинираната продажба на iPhone 11 серијата до крајот на 2019-та година ќе остане речиси иста како што беше очекувано – со мали промени./gsm.mk/

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести