4 C
Skopje
Tuesday, March 9, 2021

Apple во 2020. ќе претстави 5,4 и 6,7 инчни iPhone модели со потенки екрани

Најчитани вести

Компанијата Apple во 2020 година можеби ќе го претстави најголемиот iPhone во историјата.

Јужнокорејската интернет страница ETNews објави статија во која тврди дека Apple следната година ќе претстави три флегшип модели на iPhone на настанот кој ќе се одржи наесен. Оваа информација пристигна од неименувани извори кои тврдат дека Apple ќе направи големи промени.

Моментално Apple ги има 6,1 инчниот iPhone 11, 5,8 инчниотiPhone 11 Pro и 6,5 инчниот iPhone 11 Pro Max

Следната година најмалиот модел ќе биде 5,4 инчниот iPhone 12, средниот ќе биде со екран од 6,1 инчи, додека најголемиот од нив ќе биде 6,7 инчниот модел. Тоа е за инч помалку од iPad Mini.

Сите три модели ќе имаат OLED екран, но само два од нив (најверојатно Pro моделите) ќе имаат потенки и понапредни дисплеи, додека стандардниот iPhone 12 ќе поседува OLED екран како годинашните Pro уреди. Исто така, се очекува дека сите три модели следната година ќе имаат чип за 5G мобилен интернет.

извор: USB.mk

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести