Home » Апелациониот суд ги прифати жалбите на Таравари и го врати предметот на повторно судење, велат од Алијанса за Албанците

Апелациониот суд ги прифати жалбите на Таравари и го врати предметот на повторно судење, велат од Алијанса за Албанците

by Журнал.мк

Апелациониот суд во Гостивар го врати на повторно судење предметот на политичката партија Алијанса за Албанците и ги прифати жалбите на правниот застапник на Арбен Таравари, соопштенија од Алијанса за Албанците.

„Апелациониот суд го враќа предметот на повторно судење по претходната одлука донесена од Основниот суд Тетово, каде што се одолговлекуваше и се менуваа неколку судии додека не се донесе скандалозната одлука под притисок на поранешниот министер за правда Кренар Лога, партиските печати да и припаднат на фракцијата што и се придружи на ДУИ. Имајќи ги предвид доказите депонирани во Апелациониот суд во Гостивар, се очекува конечната одлука да биде во наша корист и партијата заедно со печатите да остане кај нејзиниот легитимен претседател Арбен Таравари“, велат од партијата.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk