Home » Апелација му ја намали казната на Боки 13 за „Рекет“, од девет на пет години

Апелација му ја намали казната на Боки 13 за „Рекет“, од девет на пет години

by Журнал.мк

Апелација му ја намали казната на осудениот Бојан Јовановски-Боки 13 во предметот „Рекет“ од 9 на 5 години затвор, објави Скопје1. Со ова, Јовановски има за доиздржување уште неколку месеци.

Како што пишува медиумот, судиите ја донеле пресудата поради нови околности кои довеле до поблага осуда. До нив била доставена обемна медицинска документација на осудениот, во кои е опишана здравствената состојба на осудениот, а е потпиша од различни професори и доктори, како и од различни државни болници. Освен што се констатира дека Јовановски не може да биде лекуван зад решетки поради тоа што затворот нема терапии, доктори и услови, во документацијата се нотира и дека тој има инвлидитет, бидејќи му е отстранет најголем дел од желудникот и од тенкото црево. Во документацијата има и извештаи за неговата состојба по 2 живото-загрозувачки операции додека бил во затвор. Има документација и дека сега има интестинална метаплазија, што може да резултира со гастричен-карцином. Нетретирањето на ваквите состојби, според докторите, можат да доведе до фатални последици.

Судиите пред нив имале неколку опции при донесување на одлуката. Една можност е да ја преиначат претходната пресуда во однос на санкцијата, што и го направиле.

Боки 13 беше осуден на 9 години затвор за кривичното дело Примање награда за противзаконито влијание и Перење пари, во предметот Рекет, во кој на 7 години завр беше осудена поранешната шефица на згаснатото Специјално јавно обвинителство, Катица Јанева.

Јовановски моментно е надвор од затвор, со отпуст за лекување.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk