Скопска апелација го укина решението на Кривичен, кој одлучи дека амнестијата не важи за обвинетите организатори на настаните од 27-ми април, дознава Телма.
Ова значи дека судијата кој го води овој судски процес, сега треба повторно да одлучува и да се произнесе.
Ова за Телма го потврдиле од Кривичниот суд, а од Апелација го дале следниов одговор:
„Апелациониот суд донесе процесно решение, откако процени дека првостепениот суд не посветил доволно внимание, односно не водел постапка за кривично-правен акт на која ќе ги изведе доказите против обвинетите, туку ценел дали тие подлежат на Законот за амнестија или не. Во прилог на ставот на Апелациониот суд Скопје е и фактот дека вишиот јавен обвинител, бара преиначување на нивните жалби, а во насока на прифаќање на жалбите на четворицата обвинети“, потенцирале од Апелација од каде најавиле дека одлуката ќе биде во целост достапна за јавноста.
Целиот текст на овој линк