Home » Апелација донесе одлука за ,,Меѓународен сојуз”

Апелација донесе одлука за ,,Меѓународен сојуз”

by Журнал

Апелациониот суд донесе одлука за случајот ,,Меѓународен сојуз”, во кој на 9 годишна затворска казна беше осуден Бојан Јовановски- Боки 13. Според неофицијални информации на ,,Фокус”, за кои во овој момент немаме потврда, наводно пресудата е укината, освен во делот за професорката Фросина Ременски, на која и е потврдена ослободителната пресуда.

Од Апелација за ,,Фокус” велат дека не можат да ја потврдат, ниту демантираат нашата информација, бидејќи одлукат била донесена, но се уште не била верификувана.

Доколку второстепениот суд ја укинал пресудата на Кривичниот суд, тоа ќе значи дека судењето ќе стартува одново.

Првообвинет во случајот е Бојан Јовановски – Боки 13, кој со првостепената пресуда е осуден на по пет години за двете кривични дела измама и перење пари , кои судот му ги пресмета во единствена казна од девет години.

Јасна Ерцеговиќ доби по две и пол години за помагање во двете дела и беше осудена на единствена затворска казна од четири години. Христина Блажевска беше осудена на една година затвор, но само за делото помагање во делото перење пари, додека за делото измама таа доби ослободителна пресуда.

Обвинителството ги товареше обвинетите дека под превезот на невладината организација „Меѓународен сојуз“ двајцата бизнисмени Силјан Мицевски од градежната компанија „Пелистер“ и Ардијан Амзоски од „Дрим билдинг“ биле доведени во заблуда и измамени со проекти за изградба на Европски центар за возрасни лица и мобилни сервиси и дале речиси еден милион евра – Мицевски сума од 719 905, а Амзоски 233 821 евро.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More