Home » Апелација ја укина пресудата за „Меѓународен сојуз“, предметот вратен на повторно судење

Апелација ја укина пресудата за „Меѓународен сојуз“, предметот вратен на повторно судење

by Журнал.мк

Апелациониот суд Скопје ја укина пресудата и го врати на повторно судење предметот „Меѓународен сојуз“ во делот за кривичните дела Измама и Перење пари, каде што првостепено осуден беа осудени Бојан Јовановски и уште две лица, соопштија од судот…

Скопскиот апелациски суд ја укина пресудата за случајот „Меѓународен сојуз“ и предметот го врати на повторно одлучување. Во соопштението објавено на веб страницата судот објаснува дека се уважени жалбите на обвинетиот Бојан Јовановски и неговиот татко, како и на Јасна Ерцеговиќ Мандиќ и Христина Блажевска, а потврдена е ослободителната пресуда за Фросина Ременски. Судот утврдил дека обвинителството за неа не успеало да го докаже делото за кое таа се товареше.

Во предметот „Меѓународен сојуз“, Бојан Јовановски е обвинет дека преку невладината организација измамил бизнисмени од кои зел пари за изградба на старечки домови и мобилни сервиси.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More