Изминатиот викенд на настанот „Пастрмајлијада“ кој традиционално се одржува во Штип, на големата сцена настапи и пејачката Антониа Гиговска.
Стокмена како што доликува за една ѕвезда на сцената, Антониа пред многубројната публика направи одлична атмосфера, а за што и беше уште подраго, е тоа што публиката во еден глас ги пееше нејзините песни.
Ама со така сексапилниот металик комбинезон ала Карлеуша и Ким кардашијан, разголена во овие ладни есенски вечери и не беше добра идеја.
Антониа веќе следното утро се јави на „стори“ со објава дека е болна до степен да прима инфузија во домашни услови.
-Душтво, ме стигна и мене. Многу ми е жал што денешниот настап ќе мора да го откажеме поради мојата состојба, не се чувствувам воопшто добро… Ве гушкам, чувајте се и пееме во Струмица многу наскоро, стои во описот на објавата.
Млада, силна и жена пред која стојат доста предизвици, а пред се’ мајчинските со штотуку проодено детенце. Веруваме дека настинката ќе мине како што велат „како кај маче“, а веќе од следниот настап на отворено, можеби со поинаков план за стилска комбинација.