Home » Антониа Гиговска го испраќа летото на семеен одмор во Турција: Оттаму прати поздрав со серија жешки фотографии, ама за една се крена прашина (фото)

Антониа Гиговска го испраќа летото на семеен одмор во Турција: Оттаму прати поздрав со серија жешки фотографии, ама за една се крена прашина (фото)

by Lina Muslija

Уште од стартот на летото Антониа Гиговска најави дека ќе направи неколку летни одмори, што со дете, што сама со саканиот.

Сега, односно последните летни денови таа заедно со сопругот Роберт и синчето Киан, ужива во Сиде Турција од каде објави серија провокативни фотографии каде фокусот го стави на себе.

 

Локациите и часот за позирање во бикини избра да бидат нетипични, односно првин позираше во хотелската теретана каде веројатно не сакаше да го пропушти ритамот на тренинзи, а потоа во приквечерието позираше во тревникот.

Клекната од лево и десно, вака и онака, а најпосле и една каде свртена со грб го држи задникот поткренат со дланките.

Токму оваа фотографија беше онаа најкоментираната, некои ја пофалија, а други се уште си стојат на тоа дека на Антониа не и треба провокација со таков талент и моќен вокал.

Летото за четири дена и официјално календарски завршува, а Тониа и сопругот се стартуваат повторно со настапи, а следниот  веќе се закажан за 21-ви (сабота).

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk