Државната комисија за спречување на корупција утврди дека нема основа за постапување против директорот на АНБ, Бојан Христовски. На денешната седница, ДКСК потврди дека Христовски ги исполнува законските услови за позицијата според Законот за агенција за национална безбедност.
Аниткорупциска ги отфрли сомнежите околу валидноста на дипломата за високо образование, сертификатот за англиски јазик и работното искуство на Христовски. Подносителите бараа ДКСК да ги преземе сите потребни мерки за утврдување одговорност за корупција и за судир на интереси.
Од Антикорупциска побарале и податоци од релевантни институции, а потоа ДКСК одлучи дека Христовски ги исполнил условите за дрќавјанство, неможност за двојно државјанство и положени испити.