Home » Анксиозност, главоболка, болки во стомакот, висок крвен притисок, ослабен имунитет…

Анксиозност, главоболка, болки во стомакот, висок крвен притисок, ослабен имунитет…

by Журнал.мк

Анксиозност, главоболка, болки во стомакот, висок крвен притисок, ослабен имунитет… Сето тоа може да биде последица на хроничен стрес. Животните навики можат да ни помогнат да го намалиме секојдневниот притисок и нервозата, а тоа секако го вклучува и начинот на кој се храниме.

Стресот и анксиозноста може да се намалат

Кога сме изложени на стресни ситуации, нашето тело ослободува хормони како што се адреналин, допамин, норадреналин и кортизол. Стресот е тригер за многу болести, а доколку е хроничен, влијае дури и врз нивото на белите крвни зрнца, што нѐ прави поподложни на вируси и бактерии. Психофизичкото здравје е нарушено, а со тоа се зголемува и стресот, со можна анксиозност. Правилната исхрана е од големо значење во борбата против овие предизвици. Во продолжение е даден список со некои од намирниците што можат да бидат корисни за подобро канализирање на знаците на хроничен стрес.

Јајца и помалку анксиозност: Дали има поврзаност?

Јајцата се природен извор на неколку видови витамини, минерали, аминокиселини и антиоксиданси, корисни за добар одговор на стресот. Некои студии ги испитувале позитивните ефекти од консумирањето јајца врз менталното здравје и резултатите се ветувачки. Инаку, жолчките се богати со холин, микронутриент кој не го содржи секоја храна и кој се смета дека е клучен во разградувањето на холестеролот. Покрај тоа, тој е корисен за пренос на нервните импулси, особено оние што придонесуваат за когнитивната функција и спречуваат губење на меморијата во подоцнежните години од животот.

Одредени студии на животни го докажале благотворното дејство на холинот во подигнувањето на расположението и борбата против стресот.

Блитва и можното влијание врз стресот

Бројките велат дека 150 грама блитва содржат 36 проценти магнезиум, кој игра многу важна улога во одговорот на нашето тело на хронични стресни искуства. Докажано е дека ниските нивоа на овој минерал се поврзани со состојби како што се анксиозност и напади на паника. Сепак, врската е причинско-последична бидејќи хроничниот стрес го намалува нивото на магнезиум во телото. Покрај тоа, блитвата е нискокалорична, па можете да ја јадете почесто без ризик од дебелеење.

Зошто слаткиот компир е добар за јадење и дали може да влијае врз анксиозноста?

Слаткиот компир е извор на јаглехидрати, а истражувањата посочуваат дека тие можат да помогнат во намалувањето на нивото на хормонот на стрес – кортизол. Докажана е поврзаноста помеѓу хроничниот стрес и дисфункцијата на кортизол, што често резултира со низа психофизички симптоми (воспаление, болка, грчеви, нервоза). Слаткиот компир, исто така, се покажал како солиден извор на витамин Ц и калиум, важни борци за стрес.

Магдонос

Оваа билка е полна со антиоксиданси кои ги неутрализираат ефектите на нестабилните молекули познати како слободни радикали. Улогата на магдоносот е повеќе од значајна кога станува збор за оксидативниот стрес. Оксидативниот стрес е поврзан со депресија и анксиозност, а антиоксидансите од магдоносот помагаат и при воспаление, што е вообичаено кај луѓето изложени на хроничен стрес.

Лук

Лукот е полн со сулфурни соединенија и игра важна улога во зголемувањето на нивото на глутатион, неесенцијална аминокиселина многу важна за здравјето на луѓето. Важен како антиоксиданс, го брани телото од бактерии, вируси, токсини и стрес. Студиите на животни потврдиле дека лукот е одличен борец против стресот и депресијата.

Сусам

Сусамот е одличен извор на триптофан, есенцијалната аминокиселина Л-триптофан, која е добра против несоница и благи форми на депресија, а се смета дека го подобрува расположението со зголемување на серотонинот (хормонот на среќата) и ја ублажува болката. Оваа аминокиселина е корисна и за регулирање на телесната тежина бидејќи го потиснува чувството на глад и желбата за јаглехидрати. Заклучоците од една мала студија на луѓе велат дека исхраната богата со триптофан довела до подобро расположение и намалени симптоми на анксиозност кај испитаниците.

Внатрешни органи

Црниот дроб и бубрезите се одлични извори на витамини од групата Б и некои минерали, особено на витамините Б12, Б6, рибофлавин и фолна киселина. Сите овие витамини се од големо значење за добра реакција на нашето тело на стрес. На пример, витамините Б се неопходни за функционирањето на невротрансмитерите како што се допаминот и серотонинот, кои ни помагаат да го канализираме расположението. Едно парче говедски црн дроб од 85 грама обезбедува повеќе од 50 проценти од дневните потреби на витамин Б6 и фолна киселина, како и целосна дневна доза на рибофлавин, витамин Б2 или витамин Б12.

Масна риба

Масните риби, како што се сардини, скуша и лосос, се многу богати со омега-3 масни киселини и витамин Д, кои ја формираат првата линија на одбрана од стрес. Омега-3 киселините не само што се добри за функцијата на мозокот туку можат да помогнат и во борбата против хроничниот стрес. Некои студии ја потврдуваат врската помеѓу дефицитот на овие масти и зголеменото ниво на депресија и анксиозност. Витаминот Д е познат дека игра голема улога во регулирањето на нивото на стрес.

Камилица

Се користи за контрола на стресот уште од античко време. Докажано е дека една шолја чај од камилица поддржува здрав сон и помага при симптоми на депресија и стрес. И уште едно истражување покажало дека 1,5 грам камилица го намалува нивото на кортизол во плунката.

Боровинки

Боровинките можат да помогнат при многу здравствени проблеми и да го подобрат расположението. Тие содржат антиоксиданси кои имаат силно антиинфламаторно дејство, ги штитат нервите и се борат против стресот.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More