Home » Анкета: Силјановска со предност пред Пендаровски

Анкета: Силјановска со предност пред Пендаровски

by Журнал.мк

Europe Elects го објави  рејтингот на претседателските кандидати.

Според нивната анкета фаворит на претстојните избори е кандадидатката на ВМРО-ДПМНЕ, професорката Гордана Силјановска Давкова. Таа би добила 36% од гласовите. Втор со највисок рејтинг е кандидатот на СДСМ и актуелен шеф на државата Стево Пендаровски со 29%.

Зад него е кандидатот на здружената албанска опозиција Арбен Таравари со поддршка од 14%, додека рејтингот на Бујар Османи е 10%.

На последните три места се Максим Димитриевски од Движењето ЗНАМ со 5%, професорката Билјана Ванковска како кандидат поддржан од политичката партија Левица со 4% и Стевчо Јакимовски од ГРОМ со 2 %.

Анкетата прави споредба на рејтингот на двајцата главни ривали со рејтингот кој го имале на изборите во 2019-та.

Па според тоа Пендаовски во изминатите 5 години има пад на рејтингот од 15%, а Силјановска Давкова од 8 %.

Во пресметаниот рејтинг во предвид не е земен ставот на близу 50 отсто од испитаниците кои рекле дека или не знаат или нема да гласаат на претстојните избори.

Анкетата за Europe Elects ја направил Центарот за Политички истражувања и комуникации, во периодот од 4 до 7 март годинава, на реперезентативен примерок од 1.085 испитаници.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk