Home » Анкета: Секој трет граѓанин размислува да се исели од Македонија

Анкета: Секој трет граѓанин размислува да се исели од Македонија

by Журнал.мк

Секој трет граѓанин или 35,2 проценти размислуваат да се иселат од Македонија покажува истражувањето на јавното мислење кое за емисијата „Детектор“ го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.

Најголем интерес да се иселат од државата имаат возрасните групи од 30 до 50 години со завршено високо образование каде дури секој втор сака да си ја побара среќата надвор од Македонија, покажуваат деталните анализи на бројките.

Наведено е дека 15,9 проценти велат дека причина да сакаат да се иселат се платите, а веднаш зад нив се оние кои велат дека причина се подобрите можности за децата, подобро здравство, подобро образование и инфраструктура.

Според анкетата, прв избор за дестинација е Германија која ја избрале 11,8 проценти од испитаниците, Швајцарија со 6.9 проценти и Словенија со 5.2. Скандинавските држави и САД се избор на нешто над три проценти испитаници.

Дека со сигурност ќе се иселат од државата во следните 5 години одговориле 10 проценти од испитаниците.

Огромен број испитаници, дури 64.9 проценти велат дека имаат свој близок кој веќе се преселил во странство. 70 проценти од испитаниците сметаат дека споредено со периодот пред 5 години степенот на иселување се зголемува.

Истражувањето за Детектор го спроведе ИПИС со телефонска анкета спроведена од 24 до 26 јануари оваа година на репрезентативен примерок од 1033 испитаници од целата држава.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk