Home » Анкета: Мицкоски го води Филипче со 7:1, ВМРО-ДПМНЕ со водство 5:1 спрема СДСМ, корупцијата повеќе не е најголем проблем за граѓаните

Анкета: Мицкоски го води Филипче со 7:1, ВМРО-ДПМНЕ со водство 5:1 спрема СДСМ, корупцијата повеќе не е најголем проблем за граѓаните

by Журнал.мк

Интензивната борба на Владата со криминалот и корупцијата ја препознааа граѓаните, па во државата по многу години, повеќе не е се проблем број 1. Сега економијата е она што најмногу го загрижува населението – покажува последното истражување на јавното мислење спроведено од агенцијата Маркет Вижн за интернет порталот мкд.мк. 40,6% од анкетираните сметаат дека економските фактори како ниските плати, пензии, невработеност и раст на цените се најголем проблем во земјава. Втор најголем проблем за 39,9% од граѓаните се криминалот и корупцијата. Следат загадувањето на животната средина со 7,9 отсто, здравството со 5%, надворешната политика со 4,3%, образованието било проблем за 1,8% од испитаниците и иселувањето со 0,6%.

Во однос на политичките партии, анкетата покажала убедливо водство на владејачката ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски.

Изненадувачки висок е процентот на граѓаните кои би излегле на гласање ако утре се одржат изборите. Дури две третини од испитаниците изјавиле дека ќе го остварат своето право на глас.

Повеќе од половина од испитаниците или 51,7% се изјасниле дека ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ. 4-те партии од ВРЕДИ би освоиле 13% од гласовите, ДУИ 12,1%, СДСМ само 10,9% од гласовите.

На Мицкоски како лидер му веруваат 25,4 отсто од испитаниците. Претседателот на СДСМ, Венко Филипче има рејтинг од 3,8%. Неговиот рејтинг е помал од оној на Али Ахмети од 6,2% кој е лидер во албанскиот блок. Сепак, ако се соберат рејтинзите на лидерите на партиите од коалицијата Вреди (Изет Меџити, Билал Касами, Арбен Таравари и Африм Гаши), тие имаат поголема доверба кај испитаниците споредено со рејтингот на Ахмети. Во Коалицијата Вреди најголема доверба ужива актуелниот министер за здравство Арбен Таравари. Во македонскиот блок, пак, лидерот на Левица Димитар Апасиев има рејтинг од само 2,7%, а претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, 2,4%.

Интересни одговори има на прашањето кој политичар би го нарекле лидер на опозицијата. Овде речиси половина од испитаниците одговориле со не знам, а дека ниеден од наведените не го гледаат како лидер на опозицискиот блок одговориле 9,3%. 22% од испитаниците го перцепираат Венко Филипче како опозициски лидер, за 13,5% оваа улога му припаѓа на Али Ахмети, додека 8,3% одговориле со Димитар Апасиев.

Во однос на случувањата во опозициската СДСМ и нивните функционери вмешани во криминални и коруптивни зделки, повеќе од половина од испитаниците одговориле дека партијата сѐ уште не се исчистила од луѓето кои се дел од такви скандали.

Истражувањето било спроведено од 20 март до 17 април преку телефонско анкетирање со помош на компјутер на примерок од 1.200 испитаници со статистичка грешка од 3%. Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според: регион, пол, возраст и етничка припадност согласно пописот од 2021-ва година.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk