Home » Ангелов во работна посета на Јапонија

Ангелов во работна посета на Јапонија

by Журнал.мк

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, заедно со раководителот на Секторот за аналитика во ЦУК, Стевко Стефаноски, од денеска до петок престојуваат во работна посета на Јапонија.

Утрово во Токио одржаа работна средба со Ито Теројуки, Генерален директор на секторот за Глобална животна средина во Генералната дирекција на Агенцијата за меѓународна соработка на Јапонија (JICA), а во текот на денот ќе се одржат и средби со други високи претставници од оваа институција.

Во текот на утрешниот ден ќе реализираат работна посета на Јапонската вселенска агенција каде што ќе разговараат за можности за добивање корисни податоци и продукти преку јапонската сателитска мрежа во функција на управување со ризици од катастрофи, извести ЦУК.

Во Токио ќе остварат работни средби и во Агенцијата за менаџмент на пожари и катастрофи, каде што ќе се запознаат со јапонскиот генерален систем за менаџирање на катастрофи, понатаму, јапонскиот систем за временска прогноза и мониторинг на шумските пожари како и Системот за рано предупредување на вулкански активности и шумски пожари и Националниот институт за истражување на земјата и отпорност на катастрофи.

Во Кјото ќе ја посетат градската противпожарна служба.

Во Кобе ќе имаат работна средба во седиштето на Префектурата Хјого со цел да се запознаат со планирањето за заштита од природни непогоди и ќе се оствари теренска посета на планината Роко заради увид во технички градби за превенција од ерозија и свлечишта.

Целта на оваа работна посета е размена на искуства и добивање знаења во пресрет на националните активности за реформи на системот за управување со кризи и заштита и спасување, соопштуваат од ЦУК.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk