20.8 C
Skopje
Thursday, October 6, 2022

Android 13 излезе од бета и им е достапен на корисниците на Pixel уредите од Google

Најчитани вести

Google оваа недела го заврши развојот на Android 13 и ја пушти финалната верзија до програмерите, односно AOSP, како и за корисниците на Pixel уредите од компанијата.

Како и секоја година, корисниците на другите брендови ќе мора да почекаат додека ги добијат изменетите верзии од Android 13 од производителот на нивниот уред, а тоа обично се случува во наредните неколку месеци.

Добра вест е што корисниците на Samsung оваа година нема да мора многу да чекаат, па финалната верзија од One UI 5.0, кој е направен на основа на Android 13, може да се очекува веќе идниот месец или октомври, а истата веќе се тестира во бета форма.

Што донесува новата верзија од Android ?
Android 13 можеби не е голема надградба која донесува поголема промена на корисничкиот интерфејс или поголем број на нови функции, но сепак тоа што е ново е доволно за корисниците да сакаат да почнат со користење на оваа верзија.

Како една од главните новини, која се надоврзува со ланската верзија, е можноста за избор на бои кои се „извадени“ од моментално поставената позадина. Овие бои сега ги има повеќе во комбинација, а кога корисникот ќе избере да бојата биде поставена и на иконите од апликациите, сега тоа се менува кај сите апликации, а не само кај тие од Google.

Корисниците кои го користат својот телефон во друг јазик, покрај Англиски на пример, сега ќе може да го користат со повеќе. Поточно, за да се промени јазикот на една апликација, не мора да се менува јазикот на целиот оперативен систем, односно на целиот уред. Корисниците ќе можат да го користат уредот на македонски, на пример, а одредени апликации да ги наместат да бидат на англиски и слично.

Друга поголема новина која беше најавена уште од бета верзијата е можноста за избор дали апликацијата може да испраќа известувања, а овој избор се прави при инсталацијата на апликацијата. Корисниците исто така ќе имаат избор дали одредена апликација ќе има пристап до сите слики на уредот или само на одредени слики.

Android 13 донесува нов дизајн кај медиа плеерот, а истото го има и кај делот од плеерот кој се појавува во центарот за известувања. Покрај самиот кориснички интерфејс, посебно се истакнува анимацијата на линијата која покажува до каде е датотеката која се слуша или гледа.

При копирање на текст од важни информации како што се имејл адреси, телефонски броеви или информации за најавување, Android 13 ќе ги тргне од „clipboard“ после одреден период.

Android 13 донесува и новини како подобрување на функцијата за следење на спиењето, следење на движењето на главата при слушање на „spatial audio“ со слушалки, поддршка за Bluetooth LE Audio, копирање на текст, слики или видеа од еден уред на друг и слично.

Како една од поголемите новини, а поврзана со таблет компјутерите и уредите на преклоп, како дел од L верзијата од Android е додавањето на „taskbar“ во долниот дел, на местото на класичното прикажување на апликациите. Ова можевме да го видиме кај новиот Galaxy Z Fold4 од Samsung.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com