Home » Aндреа оди на Евровизија 2022 во Торино: Ќе правиме победничко интервју!

Aндреа оди на Евровизија 2022 во Торино: Ќе правиме победничко интервју!

by Журнал.мк

Вчера во емисијата „Стисни плеј“ се емитуваше специјално издание во кое се избираше македонскиот претставник за Евровизија 2022.

Во трка беа шест кандидати, меѓу кои – Виктор Апостоловски, Калина Велковска, Лара Иванова, Јон Ајди, Ris Flower и Андреа Коевска

Со најголем број гласови од стручното жири, покрај гласовите од онлајн гласањето, Андреа официјално е нашиот овогодишен претставник на Евровизија и ќе оди на изборот во Торино, Италија.

Андреа ќе се претстави со песната „Circles“, дело на Александар Масевски.

Кратко по прогласувањето на победата, Андреа се огласи на социјалните мрежи и се заблагодари за сета поддршка што ја добива изминативе две недели и признава дека оваа шанса за неа е голема одговорност.

„Слободен печат“ пред неколку дена објави разговор со Андреа во кој таа отворено посакуваше победа, а во кусата изјава вчера кога  ѝ честитавме преку Инстаграм, ни напиша:

„Одимееее! Ќе правиме победничко интервју!“ .

Ти посакуваме успех, Андреа!

Разговор со Андреа во пресрет на Евровизија: Кога веруваш во себе и својата песна, тоа е доволно!

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More