Home » Андоновски во Аргумент+: Притисоци за укинување на балансерот има – ДУИ не знае да се однесува во опозиција

Андоновски во Аргумент+: Притисоци за укинување на балансерот има – ДУИ не знае да се однесува во опозиција

by Журнал.мк

Притисоци за укинување на алатката балансер има, прво тие беа во форма на потсмев кога ќе кажевме дека ќе се укинува, за сега да се замени со дрскост па дури и со закани за безбедносна дестабилизација, изјави во емисијата Аргумент+, министерот за Дигитална трансформација, Стефан Андоновски за реакциите од Дуи за укинување на балансерот.

Тој истакна дека балансерот ќе се укинува фазно и дека во опција се можност за носење Закон за соодветна и правична застапеност при вработувањата или со промена на методологијата која се уште е на сила а за која беа надлежни Министерствата за информатичко општество и администрација и за политички систем.

Андоновски вели дека нема ниеден од овие наративи кој му е поблизок како опција што би го заменила балансерот, туку дека најблиска опција му е таа која приматот ќе го стави на образованието, знаењето и на професионализмот на самиот кандидат за вработување.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More