Home » Андоновски од протестот на синдикатите: Реформата на јавната администрација да се води инклузивно

Андоновски од протестот на синдикатите: Реформата на јавната администрација да се води инклузивно

by Журнал

Никој не е против реформи во јавната администрација. Напротив, проблемот е во тоа што тие се прават без вклученост на сите оние шржто се засегнати од овој процес на законски измени“, истакна Стефан Андоновски, дополнителен заменик-министер на Министерство за информатичко општество и администрација, од денешниот протест организиран од страна на УПОЗ пред Собранието на Република Макединија.

„Без да се повика на јавна дебата стручната јавност, синдикатите и сите други засегнати страни да дадат свое мислење за законот, тој се пушта во собраниска процедура по скратена постапка со европско знаменце. Овој закон, како што веќе и кажавме, е спротивен на СИГМА-препораките и му овозможува на функционерот, односно министерот, сам да одлучува за додатоци на платите и унапредувањата на вработените во јавната администрација“, рече Андоновски.

Тој посочи дека како дополнителен заменик-министер на МИОА во целост ги поддржува протестите на синдикатите заедно со пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието и повикува на отворање на процесот за сите засегнати страни.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More