Home » Андоновски: На барање на Мицкоски, издвоени 1,5 милиони евра за филмови за Тоше

Андоновски: На барање на Мицкоски, издвоени 1,5 милиони евра за филмови за Тоше

by Журнал.мк

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во утринското гостување на МРТ објави дека по иницијатива на премиерот Христијан Мицкоски, ќе се одвојат 1,5 милиони евра денари за снимањето на филмот за Тоше Проески.

-Идејата потекна од МРТВ и копродукции од Македонија и Балканот, но секако инспирацијата, иницијативата, главно ја предводеше претседателот на Владата Христијан Мицкоски, и во координација со министерството за култура и со министерството за финансии, во експресно брза постапка се обезбедија средства, истакна Андоновски во утринското гостување на МТВ

Ќе се снимаат игран филм, документарец и ТВ-серија посветени на животот на најголемата современа македонска ѕвезда.

-Проектот ќе го ко-финансираме со повеќе од 95 милиони денари, во копродукциски формат и мислам дека ова ќе биде нешто на кое што ќе се гордееме наредните 2 години, прво во подготовката, во снимањето, ќе биде искуство за сите нас. Се радувам на тоа што оваа Влада еден од првите чекори што ги прави во првите шест месеци е нешто вакво, да се одбележи, да се остави печат за идните генерации, славејќи ја најголемата македонска музичка икона – ангел чувар на македонската нација, додаде Андоновски.

Финансиските средства ќе бидат обезбедени од буџетот на Македонија преку Министерството за дигитална трансформација.

Носител на проектот е Македонската радио-телевизија, како јавен сервис кој е под надлежност на министерството што го предводи Андоновски, а копродукциски ќе бидат вклучени неколку национални телевизии од Балканот.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk