Тој вели дека како министерство стојат на располагање за помош на Министерството за образование и наука и на сите други институции ако и понатаму се појавуваат вакви проблеми.
Хибридни закани се пораките со предупредувања за поставени експлозивни направи што на електронските адреси ги добија училиштата во петокот, вели министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.
Тој вели дека Министерствата за внатрешни работи и за образование и наука, како и општините, во текот на денот постапиле многу соодветно и оти последиците биле решени.
Она на што се работи, додава тој, е утврдување на причините зошто тоа се случило.
„Хибридни напади ќе има, напади на нашата сајбер инфраструктура ќе продолжат, но многу е важно како институциите одговараат, а сега одговараат системски и во соработка едни со други“, рече Андоновски.