Home » Андоновски: Ги забрануваме сите нелегални приредувачи на онлајн игри на среќа

Андоновски: Ги забрануваме сите нелегални приредувачи на онлајн игри на среќа

by Журнал.мк

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски гостуваше во вестите на ТВ Алсат М каде зборуваше за онлајн игрите на среќа, кои се приредуваат како што напомена тој, од нелегални приредувачи на игри на среќа, а за жал, младите се заразени од оваа пандемија.

„Нашите граѓани се заразени од оваа пандемија, особено младите, особено тинејџерите кои што немаат наполнето 18 години и не можат да учествуваат во игрите на среќа кои што се организираат јавно во градовите, односно не е легално тоа да го прават па го наоѓаат овој онлајн начин, преку овие нелегални приредувачи на игри на среќа“, нагласи Андоновски.

Андоновски потенцираше дека проблемот е голем, бидејќи граѓаните ги користат своите лични картички и сите информации без проблем ги споделуваат со непознати сајтови, а потоа лесно можат да бидат искористувани.

„Суштинскиот проблем тука е што се користат кредитни и дебитни картички на граѓаните, кои што не знаеме каде се испраќаат како податок, име, презиме и други информации од лична карта на граѓанинот, исто така не знаеме каде се испраќаат’’, појасни министерот за дигитална трансформација.

Тој дополни дека граѓаните во однос на овие онлајн коцкарници, самоволно ги даваат овие информации, па потоа многу често се измамени, односно се крадат пари од картичките.

„Со измените на Законот за електронски комуникации ќе ги забраниме сите нелегални приредувачи на онлајн игри на среќа во соработка со АЕК и граѓаните нема да можат да пристапуваат на овие сајтови“, дециден е Андоновски.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk