Home » Андоновска: Треба да имаме банка за кожа и да правиме трансплантации на кожа

Андоновска: Треба да имаме банка за кожа и да правиме трансплантации на кожа

by Журнал.мк

Специјалистот по пластична и реконструктивна хирургија, Добрила Андоновска во Аргумент плус рече дека потребно е во Македонија да се отвори и банка за кожа со цел да се прават и такви трансплантации.

Таа зборуваше и за тоа дека добро е да се размисли за отварање на Центар за изгореници.

„Во однос на трансплантација, Македонија за жал немала и се уште нема банка за кожа. Тоа е пропуст бидејќи имаме успеси во други трансплантации. Никој не ја споменува трансплантацијата на кожа. Кога се правеа законите, беше сугерирано да се отвори банка за кожа но не беше профатено. Повикувам да се внесе во програма и да се врати. Сугерирам да се внесе трансплатацијата на кожа, цел процес е, но тоа е неопходно. Не станува збор за сега туку и за во иднина. Кожа се трансплантира и во други повреди не само изгореници“, рече Андоновска.

Таа зборуваше и за тоа дека добро е да се размисли за отварање на Центар за изгореници.

„Никој не критикува и не зборува зошто го немаме, туку станува збор зошто е затворен. Во 2016 год е затворен со изговор дека ќе има некаква реконструкција но тоа не се случи. Не може парите за лекување да се пречка. На ВМА има 26 или 29 кревети, во Буагрија имаат 62 кревети. Идејата беше да нашиот центар биде ова регионален центар да функционира и надвор од државата. Ние имавме и пациенти од Косово. Во Македонија има врвни стручни кадри но не можат да работат без услови за работа“, додаде Андоновска.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk