Home » Анчелоти: Уште еднаш да ја освојам ЛШ и ќе се пензионирам како – тренер на Реал Мадрид!

Анчелоти: Уште еднаш да ја освојам ЛШ и ќе се пензионирам како – тренер на Реал Мадрид!

by Lina Muslija

Екипите на Реал Мадрид и Борусија Дортмунд в сабота ќе ги одмерат силите во финалето на Лигата на шампионите на „Вембли“, во пресрет на кое тренерот на „кралевите“, Карло Анчелоти (64) даде интервју за италијанскиот весник „Ла Република“.

Тој, меѓу другото, одби да зборува за доаѓањето на Килијан Мбапе со оглед дека зделката се уште не е официјално потврдена, а најинтересниот одговор му беше за крајот на неговата тренерска кариера.

„Мојата кариера ќе заврши во Реал, но прво сакам да освојам уште една Лига на шампиони. И јас сум мадридиста, се идентификувам со клубот, сакам да ги израдувам луѓето во него и навивачите“, изјави искусниот стратег.

Анчелоти во играчката кариера како централен играч за врска освои седум трофеи со Милан и пет со Рома, а беше уште поуспешен како тренер. Од 1992 година до денес раководеше со Реџана, Парма, Јувентус, Милан, Челзи, ПСЖ, Баерн, Наполи, Евертон и Реал, со кои има договор до летото 2026 година. Тој во изјавата за Република не потврди дека веќе летово ќе стави крај на тренерската кариера, но само кажа дека нема намера да си замине од Шпанија.

Тој четири пати досега ја има освено Лигата на шампионите, по два пати со Реал и со Милан, а на тоа додаде уште 23 трофеи во други натпреварувања и со бројни моќни европски клубови.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More