Италијанскиот стратег вели дека ќе види дали ќе бидат подготвени за следното коло, а тоа значи дека покрај престојниот меч против Реал Сосиедад од Ла Лига, ќе го пропуштат и дуелот со Штутгарт во Лигата на шампионите.
„Чуамени и Џуд Белингем се вратија на тренинг, но нема да ризикуваме утре. Ќе видиме дали ќе бидат подготвени за следното коло“, рече Анчелоти.
Некои шпански медиуми пишуваат дека двајцата фудбалери сепак би можеле да бидат во составот за дуелот со Штутгарт, но се ќе зависи од тоа како ќе тренираат во наредните денови.