Home » Анчелоти го напушта Реал, ќе биде ли селектор на Бразил?

Анчелоти го напушта Реал, ќе биде ли селектор на Бразил?

by Журнал.мк

Карло Анчелоти дојде до крајот на својот втор мандат во Реал Мадрид. „Скај Спортс“ ексклузивно објави дека Анчелоти ќе го напушти Реал Мадрид по финалето од Купот на Кралот со Барселона на 26 април.

Јасно е дека по елиминацијата од Лигата на шампионите од Арсенал, Флорентино Перез размислува за смена на тренерската функција.

Првиот човек на клубот смета дека на Реал му е потребна свежа крв на клупата.

Нејасно е дали Анчелоти сигурно ќе го напушти тимот по финалето во случај на победа над Барселона или ќе биде објавено дека се разделуваат.

„Скај Спорт“ во својот прилог емитуван во живо, објаснува дека циклусот завршил, иако Анчелоти во последните три години освои две ЛШ, во 2022 и 2024 година, а во истите сезони ги освои титулите и во Ла Лига.

Истовремено, германски „Билд“, открива дека Чаби Алонсо постигнал договор со Баер Леверкузен летово да го напушти клубот, но за одредена отштета.

Иако цифрата не е прецизирана, се вели дека Баер ќе бара отштета од минимум 10 милиони евра за неговото заминување во Реал Мадрид.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk