Home » Анчелоти даде ироничен коментар за поседот на топката по победата во финалето

Анчелоти даде ироничен коментар за поседот на топката по победата во финалето

by Журнал.мк

Карло Анчелоти стана првиот италијански тренер кој освои титула во шпанскиот Суперкуп, бидејќи неговиот Реал Мадрид вчера го победи Атлетик Билбао во големото финале во Ријад.

„Кралевите“ победија со 2:0 во натпревар кој на крајот можеше да биде навистина неизвесен, но такво нешто спречи Тибо Куртоа кој бравурозно интервенираше во 88-та минута и на фантастичен начин го одбрани пеналот на искусниот Гарсија.

Со оваа одбрана, Куртоа стави точка на финалето и Реал победи со 2:0 во натпревар во кој имаше огромен посед, нешто што беше сосема различно од полуфиналето кога тимот на Анчелоти ја победи Барселона.

Италијанскиот стручњак не е голем љубител на неефектниот посед на топката и многу повеќе ужива во директна игра и добра транзиција на неговиот тим, па затоа им открил на новинарите дека бил позадоволен од играта во полуфиналето против Барселона.

– Сметам дека денеска имавме преголем посед на топката…, – иронично порачал Анчелоти и додал.

– Овојпат направивме многу поразлични работи од мечот со Барселона. Играта беше сосема поразлична, но докажавме дека сме заслужени победници. Куртоа спречи луди 10 минути со својата одбрана и секако дека се согласувам со Перез. Тибо и Модриќ се најдобри светски играчи на својата позиција, – изјавил Карло.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More