Карло Анчелоти се наоѓа пред сериозен предизвик во својата втора етапа како тренер на Реал Мадрид, бидејќи покрај повреди кои му прават големи главоболки, недостасуваат и добри резултати кои се суштински кога го водите „кралскиот клуб“.
Реал е познат како средина во која нема голема толеранција кон тренерите, па иако Дон Карло ужива голема почит, веќе почнаа да се појавуваат и шпекулации за негова смена ако не успее да ја промени динамиката на тимот.
Последниот пораз од Ливерпул во Лигата на шампиони прави Реал да биде во опасност од испаѓање уште во воведната фаза во најелитното натпреварување, но иако актуелната состојба е алармантна за дел од медиумите во Мадрид, Карло останува максимално смирен и спокоен.
Како што открива неговиот добар пријател Алберто Черути, Анчелоти лично му порачал да испрати јасна порака при гостувањето во „Ел Ларгеро“ кое го имал вчеравечер, а истата сега ја дозна целата јавност.
Познариот новинар на „Газета“ кој е навистина близок со Анчелоти бил гостин во познатата шпанска радио-емисија, во која ја пренел пораката од италијанскиот стручњак.
– Кажи им ја било која работа, но најважно од се, пренеси им дека Реал Мадрид ќе игра во финалето во Лигата на шампиони кое ќе се одигра во Минхен, – гласи пораката од Анчелоти.