Home » Анализа на законската рамка и институционалните капацитети на локалните инспекциски служби за заштита на животната средина

Анализа на законската рамка и институционалните капацитети на локалните инспекциски служби за заштита на животната средина

by Журнал.мк

– Во хотел Панорамика денеска ќе се одржи анализата на законската рамка и институционалните капацитети на локалните инспекциски служби за заштита на животната средина.

Анализата има за цел да даде прецизен преглед на состојбите и предизвиците во вршењето инспекциски надзор на локално ниво, кој е од особено значење за граѓаните, но и за единиците на локалната самоуправа во земјата. На настанот како говорници ќе земат учество Данела Арсовска, Градоначалничка на Град Скопје и Претседател на ЗЕЛС, Дарко Блинков, Државен инспекторат за животна средина и Југослав Ѓоргиевски еден од авторите на анализата. Модератор на настанот ќе биде Жарко Хаџи-Зафиров од Центарот за правни истражувања и анализи. Свои поздрави обраќања ќе имаат Даниел Браун, официјален претставник на Фондацијата Конрад Аденауер, Христина Оџаклиеска, заменик министерка за животна средина и просторно планирање и Горица Наџинска, Центар за правни истражувања и анализи. Презентацијата на анализата е во организација на Фондацијата Конрад Аденауер и Центарот за правни истражувања и анализи.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More