Home » Анализа: Колкави се шансите на македонските компании да добијат тендер на НАТО пазарот?

Анализа: Колкави се шансите на македонските компании да добијат тендер на НАТО пазарот?

by Журнал.мк

Македонските компании го имаат меракот да конкурираат, ама и да добиваат тендери на НАТО пазарот, кој годишно тежи 5 милијарди евра. Но, прашањето коешто се поставува е колкави шанси имаат нашите компании да склучат зделка и да добијат дел од колачот кој пазарот на Алијансата го нуди. Економистите велат дека шансите се мали, оти конкуренцијата во Алијансата е голема.

„Нашите компании може да учествуваат но се соочуваат со конкуренција од најголеми светски производители. Тоа е добро од една страна, треба да се борат за да станат конкурентни, но да се стигне доттаму е тешко. Многу тешко“.Колку и да извеземе и 1 денар е добро. Ништо не може да изгубиме“, изјави Узунов

НАТО пазарот распишува повици за набавка и поддршка на системите за одбрана кои земјите членки веќе ги имаат обезбедено, ама во индустријата се разгледува и следната генерација на воената опрема. Но, има и такви за енергија, струја, храна и се што е потребно за одржување на вежби на силите на одбраната. Економистите сметаат дека како земја шансите за развојот на економијата да се бараат во земјоделските услуги.

Колку повеќе извезуваме толку подобро. Ние не можеме да се бавиме со конкуренцијата на софистицирани производи, услуги. Воена опрема и други видови на опрема, Но за други земји не се интересни, но за нас се погодни, прехрамбени производи или каде ние можеме да имаме на полесен начин. Земјоделски услуги или некои со работна сила. Тука треба да се бараат шансите, треба мала економија не може да се конкурира со големи економии за све, или за напредна технологија или не знам за што. Тука треба да се насочиме да речеме првите 20, 30 години.

Согласно информациите на Министерството за одбрана, во следниот период и посебен тим ќе се обучува директно во Агенцијата за поддршка и набавки на НАТО, за тоа како да им се помогне на македонските компании во целокупнот процес за конкурентноста на пазарот на Алијансата, но и за олеснување на постапката за добивање на сертификати, кои се неопходни за учество на овој пазар.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk