Home » Аналитичари: Добро е што прашањата за Македонија се вратија на европската маса

Аналитичари: Добро е што прашањата за Македонија се вратија на европската маса

by Журнал.мк

Едногласноста на бугарските европратеници и декларацијата на Бугарското национално собрание се многу јасен показател за ставот на Бугарија во однос на напредокот на Македонија кон членство во Европската Унија, посочува премиерот на Бугарија, Розен Жељазков откако беше одложено гласањето за извештајот за Македонија во Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент.

Дали усвоената декларација од Бугарскиот парламент, во кој се нагласуваат како неприфатливи било какво преговарање, заобиколување или игнорирање на обврските од веќе прифатените договори, ќе значи дека нема да има нови бугарски услови за откочување на македонските ЕУ преговори? Дел од македонските аналитичари на ставот дека никој не може да ни даде гаранции дека нема да дочекаме нови услови, но тоа не значи дека треба да се запре ЕУ интеграцијата.

Во меѓународните односи нема правда – посилниот ги наметнува своите правила, а послабиот ги прифаќа, порачува политичкиот аналитичар Џелал Незири. Според него, извештајот на Томас Вајц повторно ја стави Македонија на Европската агенда.

Ние знаеме што да очекуваме и од Грција и од Бугарија, фрустрацијата ни доаѓа од Европската унија која нас нè лаже, тврди политичкиот аналитичар Александар Ристевски.

Вчера, бугарскиот шеф на дипломатијата Георг Георгиев тврдеше дека Бугарија нема и не може да има дополнителни услови и барања за да ја повлечат блокадата на ЕУ пристапните преговори на Македонија, откако пред само три недели рече дека уставните измени и впишувањето на Бугарите во Уставот како државотворен народ не се единствениот услов на патот на Македонија кон Европската унија.

Бугарските лобисти и пратеници во Брисел успеаа да го одложат гласањето на извештајот за Македонија на Томас Вајц, во кој беа акцентирани независниот македонски идентитет и јазик, кој од официјална Софија бараа да бидат сменети на сегашни.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk