„Кога ми беше роденден еден ден, цела недела траеше“, напиша актерката, која пред неколку дена наполни 36 години.
Ана Стојановска, деновиве е на одмор со пријатели, од каде што објави неколку видеа и фотографии на Инстаграм.
Актерката ужива во моментите поминати на летувањето, па откри дека сурфала на вода, се забавува на глисер, се сонча, едноставно, се препушта на убавините на летото.
Но, додека беше на летување, таа го прослави 36-иот роденден.
„Кога ми беше роденден еден ден, цела недела траеше“, напиша таа, а потоа стави втора објава со коментар: „Роденденска недела, ден втори“.