Home » Ана Брнабиќ – нов претседател на српското Собрание

Ана Брнабиќ – нов претседател на српското Собрание

by Журнал.мк

Пратениците на српското собрание по тридневна дебата со мнозинство гласови од 153 пратеници и 5 против ја избраа досегашната премиерка Ана Брнабиќ за нов претседател на Народното собрание на Р. Србија.

Овластениот претставник на пратеничката група на коалицијата на СНС „Александар Вучиќ – Србија не смее да запре“, Владимир Орлиќ, во текот на дискусијата рече дека таа изборна листа со партнерите и соработниците ја предложила Ана Брнабиќ за претседател на српскиот парламент, бидејќи се горди на работата што ја направила за време на нејзините три премиерски мандати.

За изборот на Ана Брнабиќ во српското собрание кое брои 250 пратеници, гласаа пратениците кои влегоа во Собранието од листата на СНС „Александар Вучиќ – Србија не смее да запре“ и СПС „Ивица Дачиќ – премиер на Србија“, Сојузот на војводинските Унгарци и партиите на националните малцинства.

На гласањето не присуствуваа пратениците на коалицијата „Србија не смее да застане“ и „НАДА“ (ДСС и ПОКС), додека пратениците „Ние гласот на народот д-р Бранимир Несторовиќ“ и „Ние гласот на народ“ беа против или не присуствуваа на седницата.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More